Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белдиби на 10км од Кемер и 45км од аеродромот во Анталија.
Сместувањe
Вкупно 440 соби во два блока.
Стандардни соби (22м²; една спална со француски кревет + софа, купатило, макс.2+1 дете),
Стандардни соби со кревети на спрат (26м², спална со француски кревет + кревет на спрат за деца, купатило, макс.2+2 деца),
Фамилијарни соби со кревет на спрат (33м²; две спални одвоени со врата, во едната соба има француски кревет, а во другата кревет на спрат и единечен кревет, купатило, макс.3+2 лица).
Собите во градината се исти како и стандардните соби во главниот блок, лоцирани во близина на главниот блок и имаат само поглед копно. Сите соби се со приатно купатило со туш кабина, фен, папучи, клима, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци при пристигнување), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, бањарки, WI-FI (мала брзина), сателитска ТВ со музички канали, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – пијалок за добредојде на рецепција. Шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, торта, колачи, вечера и вечерна ужина, сите локални и стандардни (избрани од хотелот) увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли напитоци, ужина на плажа. Не е вклучено: премиум пијалоци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, À la Carte ресторани со доплата и претходна резервација, услуга во соба, увозни пијалоци во диско клуб. Помеѓу 03.00 – 10.00 часот пијалоците се доплаќаат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса,, À la Carte ресторани: Hurrem (морска храна), Mama Mia (италијанска кујна), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, шопинг центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се со доплата, WI – FI е бесплатно во соби и јавни површини.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори, пешкири се без доплата (има пат помеѓу плажата и хотелот).
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, теретана, одбојка на плажа, пинг понг се без доплата. Велнес и Спа центар, масажа, спортови на вода, билијард се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и н плажа, шоу програми во текот на вечерта, мини клуб за деца од 04 – 12 години,базен за деца и игралиште.