Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Кестел, на 10 км од центарот на Аланија и 135 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е на 2 км од плажа.
Сместување
Хотелот располага со 162 соби. Сите соби имаат бања со туш, фен за коса, сплит систем за климатизација, директна телефонска линија, мини бар (с доплата), сеф (со доплата), САТ ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, керамички под и балкон .
Стандардни соби (21м2, една спална соба со брачен кревет или два единечни кревети + софа кревет, едно купатило)
Суит (45м2, една спална и една дневна соба, макс.4 лица).
Услуга
Услугата во хотелот е All inclusive шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, кафе, доцна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23.00 часот. Снек ресторан на плажа од 11:00 до 18:00 часот со закуски, безалкохолни пијалоци и пиво.
Со доплата: увозни пијалоци, специјализирани вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, ресторан A'la Carte, сите пијалоци во диско клуб, услуга во соба.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, ресторан A'la Carte, ужина на плажа, бар покрај базен.WI-FI интернет.
Со доплата: доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, шопинг услуга, rent a car.
Плажа
Хотелот има приватната плажа оддалечена 2000 м од хотелот, песочна, камчеста и делумно карпеста, со лежалки, чадори и крпи за плажа кои се бесплатни. Шатл-службата е достапна бесплатно. Менувањето на пешкирите за плажа се доплаќа.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа.
Со доплата: спортови на вода, масажа, забавни програми.