Хотелот се наоѓа во Титрејенгол во близина на море, на 63 км од аеродромот во Анталија и на 7 км од Сиде.
Сместување
Има вкупно 500 соби.
Стандардни соби: (27-31 м², една соба со дупли кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2).
Стандардна лофт соба (23-26 м², се наоѓаат на најгорниот кат, соба со дупли кревет + еден единечен кревет, купатило, макс 2+1 лица).
Стандардни swimup соби (40-43 м², соба со дупли кревет + единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Фамилијарна swimup соби (40-52 м², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Дуплекс фамилијарни соби (50-57 м², долниот кат со дупли кревет + софа, на погорниот кат со два единечни кревети , едно купатило, макс.4 лица).
Фамилијарни соби (38-42 м², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, бањарки, влечки, VRF клима систем, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, апетисани и чоколади и се дополнува секој ден), сет за чај и кафе, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, сеф, ламинат, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна закуска, полноќно и утринско бифе, детско, диететско и вегетаријанско бифе во главниот ресторан, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредено време, снек ресторан на плажа од 10:00 – 16:00 часот.
Локални и стандардни увозни алкохолни пијалоци и безалкохолни пијалоци.
Не е вклучено: премиум алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, пакуван сладолед, сортни вина, услуга во соба, À la carte ресторани само со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (турски, рибен, мексикански, италијански, сите се со доплата), барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се наплаќаат. WI-FI интернет во целиот хотел е бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и крпите за плажа се бесплатни. ВИП павилјоните се со претходна резервација и се наплаќаат.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базаени за возрасни и деца, Аква парк со 27 тобогани, фитнес центар, кошарка, турска бања, сауна, парна бања, мини голф, пинг понг се бесплатни.
Со доплата се масажа, Спа центар и центар за здравје, куглање, јавање коњи, тениски игралишта, осветлување на тениски игралишта, опрема, водени спортови, забавен парк, компјутерски игри.
Забава преку ден, натпревари покрај базен или на плажа, специјални програми во вечерните часови, гала вечера. Мини клуб за деца од 4- 12 години со програми преку и во вечерните часови.