Локација
Хотелот се наоѓа во Конакли на 8км од Аланија и 112км од аеродромот во Анталија.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, барови околу комплексот. Доктор, фризер, шопинг центар, телефон и факс, интернет катче, изнајмување кола, чување деца, перална со доплата. Интернет (ограничен) е бесплатен покрај хотелскиот базен.
Сместување
Хотелот располага со 324 соби распоредени во главната зграда и анекс згради.
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, систем за климатизација, телефон, мини бар, сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, ламинат под и балкон.
Стандардни соби еден брачен кревет и еден единечен кревет, бања 32 м²
Економски соби се во Анекс зградата со исти димензии како стандардни соби.
Услуга
Се вклучено шведска маса за појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, доцна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10 до 24ч., бар на плажа од 10 – 18ч. Не е вклучено: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, сите коктели, услуга во соба, свежо цедени сокови, турско кафе, À la carte ресторан.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. (Промена на крпите за плажа е со доплата).
Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни и деца, 2 лизгалки, фитнес, одбојка, пинг понг. Со доплата: турска бања, сауна, спортови на вода, спа и салон за убавина, масажа, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште.