Положба
Хотелот се наоѓа во Кумкој на 4км од Сиде и 64км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 404 соби.
Стандардни соби (20м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
Економски соби (20м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Стандардни комфорт соби (20м², една спална соба, едно купатило, на спрат, страничен поглед на море или базен, одјавување од соба до 15:00 часот, макс. 2+1 лице).
Фамилијарни соби (40м², две спални соби, одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+2лица).
Фамилијарна соба со кревети на спрат (30м², две одвоени спални соби, една со француски лежај, друга со кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2лица).
4 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со приватно купатило, со туш кабина, фен, централна клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (со доплата), сет за кафе и чај (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, керамички подови.
Услуга
Сѐ вклучено - отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, кафе и чај, вечера, доцна вечерна ужина, сладолед во одредени часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 24:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација, и само еднаш во текот на престојот во само еден ресторан, бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, турско кафе, услуга во соба, сите пијалоци во центарот за убавина и спа, пијалоци после 24:00 часот, и пијалоци во диско клубот.
Содржини
Главен ресторан з шведска маса, À la Carte ресторани - турски и италијански, барови ни целиот комплекс, диско клуб. Доктор, перална, фен, чување деца, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола е со доплата. WI - FI интернет во лоби и на базен е бесплатно.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња на 300м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири бесплатно. Бесплатен превоз до плажа во текот на денот.
Спорт и забава
Отворен и затворен (не работи во лето) базен за деца и возрасни, лизгалки, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, турска бања, сауна, спа и центар за убавина, масажи, билијард. Забавни програми со професионални тимови во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 4 до 12 години, игралиште, дневни програми, мини диско навечер.