Положба Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac, 10км од Манавгат и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 305. Стандардни соби 290(23-27м², една спална, купатило, балкон или фаранцуски балкон,макс.3 лица), фамилијарни соби 11 (35м², две спални, едно купатило, макс.5 лица) и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (двапати неделно се дополнува со вода и сикови), сеф (се наплаќа), тепих на подот, сателитска ТВ и балкон.
Услуга Се вклучено-пијалак за добро дојде ,шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладне чај, кафе и колачи, полноќна супа, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00ч. Свежо цедени сокови, Турско кафе, сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, сладолед, услуга во соба, дополнително се наплаќаат.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, А’la Carte ресторани-Турски и Италијански. Доктор, телефон, факс, интернет, перална, чување деца, продавници, интернет кафе дополнително се наплаќаат.
Плажа Хотелска приватна плажа со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа се бесплатни.
Спорт и забава Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, сауна, Џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа. Масажа, осветлување на тениски игралишта, сите видови на спортови на вода, солариум, билијард дополнително се наплаќаат. Забавни програми преку ден и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-11 год.