Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, на 10км од Side и 57км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 180 во четирикатни главни згради. Стандардни соби (26m²; една спална соби со спална+еден единечен кревет и едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби (35m², две спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица), Економски соби (20m², една спална соба , едно купатило, без балкон, макс.2 лица). Сите соби се со ниска туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф (се доплаќа), LCD TV со сателитски програми, ламинатен под, WI-FI интернет конекција, балкон.
Услуга
All inclusive PLUS – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни торти и колачи, ужини, вечера, закуска доцна навечер, сите локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со резервација два дена однапред и еднаш за време на престојот. Не е вклучено во all inclusive plus концептот: увозни пијалоци кои не се а мени листата, сите локални и увозни флаширани вина, сите пијалоци по 24:00 часот, увозен шампањ, свежо цедени сокови, Турско кафе, наргиле, послуга во соба, сите пијалоци во Disco club.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан –Турски, Италијански и Мексиканска кујна, бар на плажа за закуски од 10.00 – 18.00 часот, бар покрај базен, лоби бар. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, шопинг зона, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна плажа, на 350 метри од хотелот, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Има бесплатен превоз до плажа во текот на денот.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA и центар за убавина, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.