Положба
Хотелот се наоѓа во областа Инчекум на 98км од аеродромот во Анталија и 22км од Аланија.
Сместување
Вкупно 170 соби во една главна зграда.
Стандардни соби (33м², една спална, едно купатило, макс.2 лица),
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, сателитска ТВ со музички канали, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски во текот на денот, ручек, вечера, попладневни закуски, вечера, доцно ноќно бифе во Lonicera Resort, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 01:00, некои увозни алкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата, влез во диско клубот.
Содржини
Главен ресторан на шведска маса, снек бар, бар покрај базен, лоби бар, À la Carte ресторани – Sea food À la Carte и Vino Stak House À la Carte, диско бар (влезот се наплаќа, пијалоците се бесплатни). Доктор, перална, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќа. Wi-Fi интернет конекцијата во лобито е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња со лежалки, чадори за сонце, пешкири и душеци кои не се наплаќаат. Приватните павилјони дополнително се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, пинг понг, фитнес центар, тениски терени, турска бања, сауна, парна бања. Дополнително се наплаќа: спортови на вода, масажа, осветлување за тениско игралиште, салон за убавина. Забавни програми во текот на денот, анимации покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Гостите на Lonicera Premium може да ги користат сите содржини од Lonicera Resort & SPA и Lonicera Worls Hotel.