Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35 км од аеродромот и 40 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 546 во главна зграда и споредна зграда. Стандардни соби ( 36 м2, една соба и една бања, главна зграда , макс 2+1 лица), Pool соби ( 35м2 , една соба и една бања, во споредна зграда, макс 2+1 лица), 6 соби за хендикепирани лица, Фамилијарни соби ( 72 м2, две соби одвоени со врата, купатило во споредна зграда, макс 4 лица).Сите соби се со сопствена бања со туш, када, фен, централна клима(работи во зависност од временсите услови) , телефон, мини бар (секој ден се дополнува со сокови, вода, пиво, млеко), сеф, сателитска тв, музички канали, паркет на под и тераса, WI-FI. Специјални соби,Суит соби ( 67 м2 , 2 спални соби, бања, или една спална, дневна и бања во главна зграда макс.5 лица), Duplex суити ( 55 м2 , две спални соби со скали, не се одвоени со врата, бања, главна зграда, макс.5 лица), Honeymoon суити (55м2,една спална соба со дневна,едно купатило со џакузи, голема тераса, главна зграда, макс.2 лица), King суит (185м2, две спални соби, две купатила со џакузи, дневна со трпезариска маса, два балкони, главна зграда, макс.5 лица) , Претседателски суит(500м2, со просторна тераса, три спални соби со купатила,дневна соба, трпезарија,џакузи, соблекувална,главна зграда, макс.8 лица). Во градината во склоп на хотелот има дел со вили: 22 executive вили, сите вили се декорирани во ориентален стил.
Услуга
Ултра Cе вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, пладневна ужина, вечера, вечерна ужина, свежо цеден сок за време на доручек, сладолед за време на оброците во главниот ресторан, сите домашни и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, чај и кафе. Храна и пијалоци се достапни 24 часа. A’La Carte рестораните се со претходна резервација, увозно шампањско, флаширани вина,луксузни пијалоци, услуга во соба, свежо цеден сок (освен за појадок), Defne-VIP ресторан, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Ishot- главен ресторан, A’La Carte ресторани: Kisnish (турска кујна), Zeytin (италијанска кујна), Kekick (медитеранска кујна), Wasabi (азиска кујна), Barbeque -скара. Барови и снек барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар, перална и хемиско чистење, rent a car се наплатуваат. WI-FI интернет во соби и во секој дел од хотелот бесплатно.
Плажа
Приватна песочна плажа со пешкири, душеци, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат. Приватните павиљони на плажа и на базен се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца (полуолимписки отворен базен), Аква парк со 7 лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски терени, одбојка и кошарка. Салон за убавина, Спа центар, куглање, билјард,компјутерски игри, спортови на вода, голф терените дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот и специјални шоу програми за деца и возрасни навечер. Мини клуб со игралиште за деца од 04-12 год.