Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Конакли, на 12 км од Аланија и 110 км од аеродромот во Анталија и 100 м од приватна песочна плажа. Хотелот е реновиран во 2015 година.
Содржини
Хотелот располага со рецепција, три ресторани (главни и два a la carte), лоби бар, бар на плажа, бар покрај базен, диско бар, два големи базени и два базени за деца, детски клуб (4-12), игралиште, мини диско, фитнес центар, одбојка на плажа, бесплатен wi-fi во заедничките простории и соби.
Со доплата: сеф, сауна, масажа, лекар, перална и пеглање.
Сместување
Хотелскиот комплекс се состои од вкупно 176 соби. Секоја соба има: телефон, клима, фен, мини бар, туш/тоалет, огледало, LED ТВ, балкон, wi-fi.
Стандардните соби се 25-30м2
Фамилијарните соби се 38-42м2.
Супериор собите се 25-30м2.
Плажа
Хотелот има сопствена плажа. Лежалки и чадори на плажа вклучени во цената.