Локација
Хотелот се наоѓа во областа Обагол, на 5 км од центарот на Аланија и 131 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 334 соби. Сите соби имаат бања со туш кабина, фен, сплит клима, директна телефонска линија, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнува секој ден), сеф, сет за чај и кафе, тепих или ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Стандардни соби 25-30 м2, спална соба со брачен кревет и софа, бања.
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra all inclusive на база на шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневен чај и кафе, доцна ужина, ран појадок, домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одреден период, лоби бар 24h, A'la carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, безалкохолни пијалоци во бар на плажа од 10:00 до 19:00 часот.
Со доплата: увозни пијалоци без мени, премиум увозни пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина и коктели, услуга во соба, сите флаширани пијалоци.
Содржина
Главен ресторан базиран на отворено шведска маса, A'la Carte ресторани - La Costa fish и Pruvia Italian, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа. Wi-Fi е бесплатен во лобито на хотелот.
Со доплата: лекарска услуга, детска грижа, услуга за перење и пеглање, телефон, факс, интернет катче, фризер, продавници, rent a car.
Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори и крпи за плажа. Лежалките на пристаништето се достапни за дополнителен надомест. Има тунел под патот кој води до плажата на хотелот.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, 3 тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг, забавна програма во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, вечерна шоу програма, мини клуб за деца од 4. до 12 години, игралиште.
Со доплата: спортови на вода, масажа, Велнес центар, компјутерски игри, билијард.