Положба
Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy на 15км од Манавгат и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 285. Стандардни соби (32m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице), фамилијарни делукс соби (45m², две спални соби одвоени со врата, едо купатило, макс.4лица), Стандардни делукс соби (24m², една спална соба со кружен кревет и џакузи во купатилото, поглед на море, макс.2лица), Junior suit (36m², една голема соба со брачен кревет, дневен престој, едно купатило, макс.3лица). Сите соби се со приватно купатило со када или туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција, и балкон.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, доцна навечер закуска, бифе навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци (еден бар работи 24 часа), A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10.00 - 18.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци и пијалоци во лименка, Турско кафе, свежо цедени сокови, специјални вина, послуга во соба, сите пијалоци во Wellness center и во Night Club.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан - Турски, Италијански и Интернационален, барови околу хотелскиот комлекс, диско. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, изнајмување на автомобил се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.
Плажа
Хотелска плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и Забава
Внатрешни и надворени базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, центар за убавина, масажа, осветлување за тениски терени, опрема и часови по тенис, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.