Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 4 km од Сиде и 55 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 254 соби во два блока. Сите соби се со приватно купатило со бањарка и фен, клима уред, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сеф (со доплата), ламинатен под, WI-FI конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Стандардни соби (23 m², една спална со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Стандардни соби со поглед кон градина (23 m², лоцирани во зградата која се наоѓа во градината, една спална со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Услуга
Услугата во хотелот е ALL шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед во одредени часови во денот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот.
Со доплата: увозни пијалаци, премиум локални и увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски ресторан, ресторан со морска храна, барови, диско клуб. WI-FI интернет конекција во лобито и собите е бесплатна.
Со доплата: доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење и хемиско чистење, продавници, изнајмување кола.
Плажа
Хотелот има сопствена плажа со камчиња и песок, бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Секоја промена на крпите за плажа е со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени (не работи во летна сезона) за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениско игралиште, одбојка, пинг понг се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, Wellness центар, осветлување и опрема за тенис, масажа, билијард. Забавни програми – анимации, мини клуб за деца од 6 - 12 години, игралиште и мини диско во вечерните часови.