"EARLYBOOKING" АКЦИЈА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023: РЕЗЕРВАЦИЈА СО УПЛАТА ОД САМО 100 € !
Резервирајте рано со авансна уплата од само 100 € и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100 € по пријава за аранжман / соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 31.03.2023, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 100 € е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2023, истиот може да се пренамени за друго патување од нашите понуди за Анталија.
ЦЕНИТЕСЕ ДАДЕНИ ВО ТОТАЛ И ВКЛУЧУВААТ:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
- ПОВРАТЕН ТРАНСФЕР ДО АЕРОДРОМ СКОПЈЕ - Ви нудиме и опција за транфер на патници од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес до аеродром Скопје и обратно по цена од 21 € по лице.
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И ПЛАЌАЊЕ:
- За да се направи резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот, а целосната доплата на аранжманот е до 15 дена пред денот на поаѓање (доколку терминот на поаѓање е помалку од 15 дена потребна е уплата од 100% од вкупната цена на аранжманот ).
Потврда од хотелот за резервацијата се добива во рок од прилика 24 до 48 работни часа. Во случај да не биде потврден избраниот хотел ќе ви биде предложен друг соодветен хотел, а доколку не ви одговара дадената алтернатива, резервацијата може да ја откажете со целосен повраток на уплатените средства.
- Во случај на непридржување кон правилата за плаќање значи дека резервацијата ќе биде откажана (сторнирана), при што следуваат и пенали:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од цената на аранжманот
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од цената на аранжманот
- за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од цената на аранжманот
- за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од цената на аранжманот.
- Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Сите горенаведени услови важат освен во ситуации кога е дефинирано поинаку со "EARLY BOOKING" АКЦИЈА ( промотивна акција за Рани Резервации ) односно доколку има нови дефинирани услови на акцијата.
ПРОГРАМА:
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ЗА БОДРУМ СЕЗОНА 2023:
===================================
ЛЕТОВИ СО ОЗНАКИ: TK 5597 / TK 5596 (со локални времиња) / DAY 4 / ЧЕТВРТОК
* Лет од Скопје за Бодрум: SKP-BJV TK 5597
полетува од Скопје: 04:20 / Слетува во Бодрум: 06:35
* Лет од Бодрум за Скопје: BJV -SKP TK 5596
полетува од Бодрум: 02:50 (на вашата карта пишува 23:59) / Слетува во Скопје: 03:15
===================================
ЛЕТОВИ СО ОЗНАКИ: TK 5597 / TK 5596 (со локални времиња) / DAY 1 / ПОНЕДЕЛНИК
* Лет од Скопје за Бодрум: SKP-BJV TK 5597
полетува од Скопје: 04:20 / Слетува во Бодрум: 06:35
* Лет од Бодрум за Скопје: BJV -SKP TK 5596
полетува од Бодрум: 02:50 (на вашата карта пишува 23:59) / Слетува во Скопје: 03:15
===================================
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ
ВАЖНИНАПОМЕНИ: - За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонскипасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
-Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја зголеми цената, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ