Положба
Хотелот се наоѓа во областа Colakli, оддалечен 15км од Manavgat и 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 404.
Стандардни соби (24m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби со кревети на спрат (29m², една голема соба со кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 4 лица),
Фамилијарни соби со 2 спални (42m², две спални соби со врата која ги поврзува, едно купатило, макс. 4 лица),
Фамилијарни suit соби (65m², две одвоени соби со врата измеѓу).
Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар, сеф, тепих на под, сателитска телевизија и музички канали,балкон. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Услуга
Ultra all inclusive – 24 часa услуга за храна и напитоци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, вечера, супа на полноќ, пијалоци и закуски во аква парк, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите пијалоци во Disco club, Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежи овошни сокови, A’la Carte рестораните се со претходна резервација и дополнително се наплатува, послуга во соба, сите флаширани пијалоци, пијалоци во Irish pub.
Содржини
Главен ресторан Safran со шведска маса, A’la Carte ресторани : Kaftan Kebap House – Турска кујна, Vogatore – Италијанска кујна (Golden Beach), Beluga – Рибен ресторан, Taco Time – Мексиканска кујна, Kaiseki – кујна од Далечен Исток, Longhorn steak House – Steak ресторан, Kekik – Отомаски ресторан (Golden Beach), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар се наплатуваат дополнително.
Плажа
Хотелска плажа, песочна со чадори, лежалки и пешкири кои се бесплатни. Приватни павиљони на плажа со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, голем аква парк со 11 лизгалки (бесплатен влез за гости од хотелот), фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг – понг. Дополнително се наплатува: спортови на вода, куглање, билјард, Fun Fair, масажа и центар за убавина. Забавни програми за време на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години. Fun Fair дополнително се наплатува.