Положба Хотелот се наоѓа во областа Gundogdu, оддалечен 15км од СИде и 45км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 288.
Стандардни соби (24m², една спална соба, едно купатилом, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби (32m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Собите можат да бидат во главна зграда и анекс. Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се полни при пристигнување со безалкохолни пијалоци), сателитска ТВ, балкон.
Услуга Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне ужина, вечера, доцна вечера, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, слаткарница, бар на плажа со ужина и пијалоци од 10:00 – 18:00 часот, сладолед во одредени часови покрај базенот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци и вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, пијалоци во лименка, сладолед, Витамин бар, послуга во соба.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Медитерански, ТУрски, барови околу хотелскиот комплекс, Диско. Доктор, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, фризер, компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби и во собите е бесплатна.
Плажа Хотелска песочна плажа, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.
Спорт и забава Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, масажа, SPA & Wellness центар, куглање, билјард. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови за возрасни. Мини клуб за деца од 04 – 12 години, со разни програми во текот на денот и вечерните часови.