Положба: Хотелот е лоциран во областа Evrenseki, 6км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупно број на соби 232,
Стандардни соби ( една спална и едно купатило, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби (две спални со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4 лица ).
Фамилијарен дуплекс ( две спални соби соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица) и две соби за хендикепирани лица.
Собите се со сопствено купатило со туш кабина, клима, телефон, мини бар (вода и минерална вода, се дополнува секој ден), сеф ( се долаќа), под со ламинат, ЛЦД ТВ со сателитска програма, балкон.
Услуга: All inclusive, шведска маса за појадок, ручек, попладневна торта, колачи, ужинки, вечера, доцна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со резервација, ужинка на плажа. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, Турско кафе, свежо цедени сокови, пијалоци во диско клуб, собна услуга.
Содржини: Главен ресторан за шведска маса, A l’ Carte ресторан- Турски, Рибен, Италијански, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, хемиско, шопинг, телефон, факс, интернет, комјутерски игри, рент а кар се наплаќаат дополнително. WI-FI интернет конекција во лоби, бесплатно.
Плажа: Хотелска приватна плажа, 350 м од хотелот, песочна, со лежалки, чадори и пешкири, бесплатно. Превозот до плажа е бесплатен.
Спорт и забава: Надворешен и внатрешен базен ( затворен во летната сезона) за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, пинг понг, бесплатно. Со доплата: Масажа, СПА и салон за убавина, билјард , сите водени спортови. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 година.