Обиди се да го задржиш здивот кога ќе се лизгаш на еден од 15-те огромни тобогани на аква-паркот. Дали имате сила да ги следите децата од бродот на пиратите “Вител”, па се до “Камикази”? Доколку имате прилика, има и еден мулти-тобоган за целото семејство. Доколку ви остане малку време, уживај и во плажата. Gural Premier Belek нуди многу забава во еден луксузен и комфорен амбиент, доколку сакате целосна промена од минатата сезона.
Gural Premier Belek е препознатлив по бројните ресторани, дел од незаменливиот концепт на Ultra All Inclusive аранжманот. За моменти на релаксација и спокојство упатете се кон пространата и чиста плажа, со удобни лежалки и поглед кој се претопува во длабочините на синото море. Со реновирањето во 2014 година и со имплементирањето на современата технологија за потребите на самите туристи, Gural Premier Belek ја одржа традицијата за рецeпетот на магична услуга за среќа на семејствата.
Сместување
Gural Premier Belek e горд на ултра луксузното сместување. Дуплекс собите се пространи (минимум 45м2) опремени со купатило со хидромасажа. Идеални за семејствата претставуваат семејните апартмани со две спални соби. За луксузната понуда за излез на безен изберете ги собите Pool Deluxe.
Ultra All Inclusive
Храната е најсилниот адут на Gural Premier Belek. 7 ресторани распространети на самото крајбрежје и покрај базените кои си ја предаваат штафетата еден на друг од појадок до вечера, отсликуваат одлични примери на турската и медитеранска храна. Свежите производи се подготвуваат во ваше присуство отсликувајќи вистинска уметничка презентација. Сладолед, освежителни пијалоци, алкохолни пијалоци со посебен квалитет, слатки, сезонско овошје сите тие претставуваат дел од целодневниот Ultra All Inclusive пакет ; во ресторан, на плажа, покрај базените како и во зоната на аквапаркот. Beach Bar & Pool Bar се соовршени за коктели и разговор со пријателите.
Храната во Gural е разновидна, свежа и со избрани специјалитети од Медитеранот и од светот. Производите на скара, сите сезонски овошја, ориенталните и модерните слатки, салатите месо од диви животни, суши и други азиски специјалитети. Snack рестораните нудат овошја, сладоледи, производи на скара, хамбургер, пити и мезињата се неодвоив дел од бифето на Gural Premier. За вечера често пати има гурмански специјалитети.
24 часа домашни и увозни освежителни и алкохолни пијалоци во баровите и рестораните
Kafe Lavazza во сите барови
Коктели и освежителни пијалоци на плажа, покрај базените и аква-паркот
Појадок се служи во бифето, во периодот од 07:00 до 11:30 часот
Ручек во бифе, во периодот од 12:30 до 14:00 часот
Вечера во бифе, во периодот од 19:00 до 21:30 часот
Night Restaurant служи во периодот од 23:00 до 07:00
Цеден сок од портокал во текот на целиот ден
Сладолед без ограничување
Слатки
Пијалоци во дискотека
Освежителните пијалоци се даваат во шишиња или лименки, додека алкохолните пијалоци во стаклени чаши
Во рестораните виното се нуди во шишиња и се служи на маса
Сите пијалоци се со висок квалитет
Свечените вечери покрај базените, забавите со пена на плажа ; уметничките перформанси на DJ настапите ќе ви го разубават денот и ноќта во Gural Belek.
Tениските игралишта, модерните фитнес центри, спортовите на вода и СПА центрите обезбедуваат бескрајни можности максимално да уживате за време на вашиот годишен одмор во рајот кој го носи имети Gural Premier Belek.
Аква Парк
Водниот парк зафаќа површина од 15.000 м2 и 20 тобогани во форма на тунели кои ве впиваат со нивната магија и ве упатуваат директно во безбројните базени на паркот: Space Hole; Black Hole, Tunnel Free Fall, Kamikaze адреналински стимулираат. Twister Yellow, Twister Blue Multislade ; Rafting Slide го забрзуваат вашиот пулс од возбудата што ќе ја доживеете.
Обожавателите на силните емоции ќе доживеат непрекинат наплив на адреналин во oвој огромен аква-парк кој го сочинуваат 5 базени, 8 тобогани без дно и врв за возрасни (Дупка во просторот, Црна дупка, Rafting, Multislide, Жолтиот Вител, Синиот Вител, Камикази, Тунел со слободен пад).
За децата од сите возрасти на располагање се 7 тобогани: Троделен октопод (3), Мини-тобогани (2), Зелен тобоган, Син тобоган и еден базен со песок за бебиња. Еден пиратски базен со мини-тобогани во форма на змија, желка и октопод се вистинска атракција за забава за децата. Занималните, базените со џакузи и другите многубројни атракции ја прават зоната на аква-паркот најомилениот дел од ресортот.
Скокнете. Фрлете се. Завртете се. Спуштете се од висините со брзина на молња. Плесни силно во водата и доживејте го вистинското задоволство. Во меѓувреме, не заборавајте да јадете и да пиете. Децата нема да можете да ги разделите од убавините на Пиратскиот брод , од плитките базени со мек песок и минитобоганите во форма на риби.
За забава – мини клубот Happyland
Натпревари; плејстејшн, музика, танц, препуштете ги вашите деца во просториите на мини клубот Happyland и овозможете си исполнет и среќен одмор.
Станува збор за детски клуб каде што децата се забавуваат од 10:00 до 23:00 часот под надзор на обучени негуватели. Претстави, трки, настани подготвени специјално за деца, креативни и квалитетни програми и мини-диско се неколку од можностите за забава кои им се нудат на децата во еден амбиент како од бајките.
Deluxe Room
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
15/06/2024
1 СОБА
1 БАЊА
2 КРЕВЕТ
37м²ПОВРШИНА
Висококвалитетни и луксузно уредени делукс соби се состојат од соба со 1 голем кревет (180x200) и 1 нормален кревет (100x200), паркет, LCD телевизор со музички канали, бесплатна Wi-Fi конекција, телефон со директно бирање* (во собата и во бањата), дигитален сеф, централна климатизација, мени за перници, минибар (газирани пијалоци, пиво, чипс, колачиња и чоколадо), сет за чај и кафе, мермерна бања/WC, када/туш со интегрирано џакузи, фен за коса, огледало за шминка и балкон со простор за седење.
1 СОБА
1 БАЊА
2 КРЕВЕТ
66м² ПОВРШИНА
Специјално дизајнирани делукс супериор соби, се состојат од една голема соба со брачен кревет (180x200) и единечен кревет (100x200), простор за седење, голема соблекувална, паркет, LCD телевизор со музички канали, телефонска линија со директно бирање ( во соба и во бања), бесплатен wi-fi конекција, дигитален сеф, сет за чај и кафе, минибар, централна клима, мермерна бања со џакузи, посебен туш, тоалет и мијалник.
1 СОБА
1 БАЊА
2 КРЕВЕТ
78м² ПОВРШИНА
Многу квалитетни и луксузно уредени делукс соби со базен се состојат од соба со 1 голем кревет (200x200) и еден единечен кревет (110x200), соблекувална, LCD телевизор со музички канали, бесплатен WIFI-интернет, телефон со директно бирање* (во во собата и во бањата), дигитален сеф, централна климатизација, минибар (без алкохолни пијалоци, пиво, чипс, колачиња и чоколадо), котел, сет за чај и кафе и балкон со надворешен тросед. Во огромната бања има џакузи, посебен туш, тоалет, биде, фен, бањарка, влечки, огледало за шминка и двоен мијалник. Делукс собите со базен имаат директен пристап до базенот од балконот.
2 СОБИ
1 БАЊА
3 КРЕВЕТИ
63м²ПОВРШИНА
Ги содржи сите погодности како Делукс собата. Се состои од 2 посебни соби. Во првата соба има брачен кревет (180x200 cm) во втората соба има 2 посебни кревети (110x200 cm). Освен тоа, во секоја соба има LCD телевизор и минибар.
2 СОБИ
2 БАЊА
3 КРЕВЕТИ
100м² ПОВРШИНА
Ги содржи сите погодности како делукс супериор собата. Со дополнителна спална соба составена од два посебни кревети. Во втората соба има и LCD-телевизор, минибар, бања / WC покриена со мермер и џакузи на располагање.
2 СОБИ
2 БАЊА
3 КРЕВЕТИ
100м² ПОВРШИНА
Ги содржи сите погодности како делукс супериор собата. Со дополнителна спална соба составена од два посебни кревети. Во втората соба има и LCD-телевизор, минибар, бања / WC покриена со мермер и џакузи на располагање.
2 СОБИ
2 БАЊА
4 КРЕВЕТ
136м² ПОВРШИНА
Се исти како Делукс собата со базен со дополнителна соба. Во втората соба има два единечни кревети (110х200) и дополнителна мермерна бања со туш, тоалет и мијалник. Дополнителната соба располага со LCD телевизор и мини-бар. Делукс семејните соби со базен имаат и директен пристап до базенот од балконот.
2 СОБИ
2 БАЊА
4 КРЕВЕТ
120м² ПОВРШИНА
Претседателскиот апартман со базен се состои од 2 меѓусебно поврзани соби, дизајнирани исклучиво за ваша приватна употреба со приватен базен кој има директен пристап од балконот и сопствената градина.
Детали за соба
Собата нуди спална соба и удобност во дневната соба со група за седење, два единечни кревети, вградена кујна (мини бар, рерна, мијалник), ТВ, ДВД, систем за дигитално домашно кино, бања со двојно мијалник, WC и туш. Кревет има еден брачен кревет, еден единечен кревет, фотелја, соблекувална, ТВ, бања со двоен мијалник, WC, биде, џакузи, посебен туш и група за седење на балкон.