Хотелот се наоѓа во регионот Кизилот, 15 км од Манавгат и 88 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 348 соби во една главна зграда и бунгалови.
Стандардни соби (22-25 м², во главна зграда или бунгалови, една спална со француски кревет или два единечни кревети + софа на спуштање (180x70cm), едно купатило, макс. 2+1 дете).
Стандардни соби без балкон (20 м², во главна зграда или бугналов, еден француски кревет (160x200), едно купатило, макс. 2 лица).
Фамилијарни соби (45 м², во главна зграда, две одвоени спални, едно купатило, макс. 4 лица).
Стандардни соби со кревет на спрат (25-28 м², во главна зграда, една спална со француски кревет + кревет на спрaт (190x90cm), едно купатило, макс. 2+2 деца).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, централна клима која што работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, потоа вода се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, телевизија и музички канали, Wi-Fi интернет, паркет или ламинат, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, попладне ужина, чај, кафе, вечера, ноќни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни увозни пијалоци во лоби барот и Chill Out 18+ бар, свежо цеден сок од портокал за појадок, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, Chill Out барот е отворен 24 часа, бар на плажа од 10 – 18 часот, сладолед во одредени часови, Toucan детски ресторан. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, пијалоци кои не се на менито, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, турско кафе, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, À la carte ресторани – Trattoria – италијанска кујна, Etho – турска кујна, Sea you – рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници се со доплата. Wi-Fi интернет во целиот хотел е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи. Кабаните се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки, фитнес, сауна, турска бања, парна бања, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг, билијард, гимнастика. Со доплата се спортови на вода, осветлување за тениски терен, масажа и СПА центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми навечер. Toucan клуб за деца од 4-12 години, во различни групи според возраста, игралиште, мини диско навечер.