Положба:
Хотелот е сместен на површина од 85.000 м2, на 20 км оддалеченост од Аеродромот, 6 км од центарот на Лара и само 2 км од центарот на Кунду. Отворен е од 1999 а реновиран во 2009.
Ultra All Inclusive:
Главниот ресторан служи доручек, ручек и вечера по отворено мени. Вклучува и бебешко катче со посебна бебешка храна и колачиња, како и место за топли пијалоци, чај и кафе. 7 а ла карт ресторани готват посебни оброци од сите кујни низ светот. Концептот вклучува и доцен доручек, сладолед и полноќни закуски.
Сместување:
Check-in Од 14:00 hours Check-out До 12:00 hours
На располагање се вкупно 908 соби или 2000 кревети. Сите имаат сопствен балкон и ултра модерен мебел. Хотелот располага со 9 лифтови и големо лоби. Мини баровите во собите се надополнуваат секој ден. Интернетот е бесплатен во лоби.
Плажа и базен:
Топкапи Палас е сместен на само 6 минути пешачење до песочната приватна плажа и нуди широк спектар на внатрешни и надворешни базени и тобогани. Вистински рај за деца и возрасни.
Спорт и забава:
а понуда е широк спектар на активности и спортови: пикадо, бочиа, стрелаштво, степ, утринска гимнастика, сквош, мал фудбал, одбојка на плажа, билијард, пинг понг, тенис, ватерполо, нуркање, водни спортови и кајакарство.
Спа центар:
Луксузниот приватен Спа центар нуди турска бања, шок тушеви, сауна и џакузи бесплатно. Со доплата можете да си овозможите масажи и третмани за убавина и здравје.
А ла карт ресторани:
Турски ресторан (бесплатно), рибен ресторан (бесплатно), скара ресторан (со доплата), италијански ресторан (со доплата), интернационална (со доплата), суши (со доплата) и мексикански ресторан (со доплата).
Со доплата:
Интернет во соба, сурфање со инструктор, џет ски, параглајдерство, нуркање, пловење со кајче, масажи, пилинзи, фризер и пена третмани.
Deluxe Room
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
03/05/2025
Сите соби имаат брачен кревет, единечен кревет и балкон. Максималниот капацитет е 3 возрасни или 2 возрасни и 1 дете. Прилагодлив централен клима уред, минибар, телефон со директно бирање во собата и бањата, LCD сателитска ТВ со меѓународни канали, музика (ТВ), сеф, фен, сет за чај и кафе.
Собите се наоѓаат на 3-ти и 4-ти кат од блоковите. Сите соби имаат брачен кревет, единечен кревет и дополнителна софа. Може да се сместат најмногу 3 + 1 лицe или 2 возрасни + 2 деца. Прилагодлив централен клима уред, минибар, телефон со директно бирање во собата и во бањата, сателитска ТВ со LCD телевизор со меѓународни канали, музика (ТВ), сеф, фен за коса, сет за чај и кафе.
Собите се наоѓаат на приземје од блоковите и се состојат од 2 спални соби со лизгачка врата, 1 бања и тераса. Има 1 брачен и 2 единечни кревети. Може да се сместат најмногу 4 возрасни лица. Прилагодлив централен клима уред, мини бар, телефон со директно бирање во собата и во бањата, LCD сателитска ТВ со меѓународни канали, музика (ТВ), сеф, фен за коса, сет за чај и кафе.
Family Deluxe Room
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
03/05/2025
Собите се наоѓаат на аглите на блоковите и се состојат од 2 спални соби кои се поврзани со врата, 1 брачен кревет со 2 единечни кревети и 1 бања и балкон. Може да бидат сместени најмногу 4 возрасни лица. Прилагодлива централна клима, мини бар, директен телефон во собата и во бањата, LCD сателитска ТВ со меѓународни канали, музика (ТВ), сеф, фен, сет за чај и кафе.
Deluxe Dublex Family Room
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
03/05/2025
Семејни соби кои се наоѓаат на горните катови од блоковите. Имаат брачен кревет на приземје и 2 единечни кревети на горниот кат. Спалната соба на долното ниво може да се затвори со врата. Максималното сместување е 4 возрасни + бебе, 2 воизрасни + 3 деца или 3 возрасни + 2 деца вкупно 5 лица, со 2 бањи и балкон. Прилагодлив централен клима уред, минибар, директен телефон во собата и во бањата, LCD сателитска ТВ со меѓународни канали, музика (ТВ), сеф, фен, сет за чај и кафе.