Положба
Хотелот е сместен во областа Белек на 40км од градот Анталија и 30 км од аеродромот.
Сместување
Хотелот располага со 464 соби. Стандардни соби 384 (29м², една спална и едно купатило, макс. 2+1 лица), 5 соби за хендикепирани лица (29м², специјално опремени), Фамилијарни соби 4 (64м², макс 4 лица-две спални одвоени со врата, дневна, 2 купатила), Kids Suit 4 (49м², макс 4 лица-две одвоени спални со купатило, декорирани за деца), Junior Suit 15 (55м², една спална, една дневна и купатило макс.2+1 лице), Sun Swim up Villa 24 (37м², макс.4 лица, една спална соба, едно купатило со туш кабина, директен пристап на базен, лоцирана во градината), Star Swim up Villa 60 (71 м², две спани соби, една дневна, купатило со туш кабина, директен пристап на базен, лоцирана во градината), Selction Villa 4 (120м², две спални соби со купатило со џакузи, дневна соба, лоцирана во градината), Senior Suit 5 (54м² , една соба, една спална и купатило со џакузи), King Suit 2 (134м², на најгорниот кат од хотелот), Selection Villa 4 (120м²) и King Villa (190м²). Собите се опремени со купатило со када и туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (со сокови, вода и пиво се надополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужини во текот на денот, ручек, вечера, доцна ужина, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, свежо цедени сокови во Витамин барот. A’La Carte ресторани со претходна резервација, премиум виски, VSOP и увозни коњаци, увозен шамањ, одбрани вина, цигари и услуга во соба, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан-Јасмин шведска маса, A’La Carte ресторани: Olivio (Италијанска кујна), Ja La Peno (Мексиканска кујна), Umami Sushi & Asian Restaurant (кујна од Далечен Исток-не е дозволен влез на деца), Fes (Турска кујна), Green Fish (рибен ресторан). Sanck Bars, бар крај базенот, Vitamin Bar, лоби бар и диско клуб бар. Wi-Fi интернет 40мин. на ден бесплатно. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар, фризер, rent a car, дополнително се наплатуваат.
Плажа
Приватна песочна плажа, пешкири, душеци, чадори за сонце и лежалки се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, сквош, пинг понг, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф не се наплатуваат. Водените спортови, осветлување на тениските игралишта, Спа и Wellness центар и билијард дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот за возрасни и деца, наптревари покрај базенот и на плажа. Во вечерните часови специјална шоу програма која се менува секој ден во текот на неделата. Мини клуб за деца од 4-12год. Хотелот е реновиран 2015/2016 год.