Положба
Хотелот се наоѓа во областа Colakli, 15km од Manavgat и 55km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 180.
Стандардни соби (31 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Супериор соби (36m², една спална соба со француски кревет и софа, макс. 3 лица),
Фамилијарни соби (36m², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, и макс. 3 лица).
Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секојдневно со безалкохолни пијалоци и вода), електричен бокал, сет од чај и кафе, сеф, тепих на под, сателитска телевизијаи музички канали, балкон. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Услуга
Ultra all inclusive – 24 часа услуга за храна и напитоци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, вечера, супа за време на полноќ, пијалоци и закуски во аква парк, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите пијалоци во Disco club, Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежи овошни сокови, A’la Carte ресторани се со претходна резервација и дополнително се наплатува, послуга во соба, сите флаширани пијалоци, пијалоци во Irish pub.
Содржини
Главен ресторан Safran со шведска маса, A’la Carte ресторани : Kaftan Kebap House – Турска кујна, Vogatore – Италијанска кујна (Golden Beach), Beluga – Рибен ресторан, Kaiseki – кујна од Далечен Исток, Longhorn Steak House – Steak ресторан, Kekik – Отомански ресторан (Golden beach), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекцијата во лоби и собите е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори, и пешкири на плажа. Павиљоните на плажа се резервираат со претходна резервација и се наплатуваат дополнително.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, голем аква парк со 11 лизгалки (влезот е бесплатен за гости на хотелот), фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг – понг. Со дополнителна наплата : спортови на вода, куглање, билијард, Fun Fair, масажа и центар за убавина. Забавни програми за време на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години.