Локација
Хотелот се наоѓа во областа Инчекум 25км во Аланија и 110км од аеродромот.
Сместување
Вкупно 229 соби во главна зграда
Стандардни соби (30м², 1 спална соба, 1 купатило, макс.2+2лица),
Фамилијарни соби (45м², 2 соби одвоени со врата, 1 купатило, макс. 4лица
Сите соби се со приватно купатило со када, фен, клима уред, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, вода се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, Wi-Fi интернет конекција (се доплаќа) и балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, доцни вечерни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увозни пијалоци во лобито и баровите покрај базените, сладолед во одредени часови од денот, рибни À la Carte ресторани кои можат да се користат еднаш во текот на престојот со претходна резервација. Не е вклучено: сите други увозни пијалоци кои не се на мени, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, Steak À la Carte ресторанот е со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторан со морска храна и Steak À la Carte ресторан, барови покрај базен и околу цел комплекс. Доктор, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е со доплата во сите делови од хотелот.
Плажа
Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори, пешкири за плажа (со депозит) бесплатно. Приватни павилјони на плажа достапни со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, 3 водни лизгалици, фитнес центар, турска бања, сауна, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, масажа, билјард, спа центар. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 – 12 год, детско игралиште, мини диско навечер.