Положба
Хотелот се наоѓа во областа Gundogdu, оддалечен 15 км од Сиде и 45 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 144. Стандардни соби (19m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби (25m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се полни со вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување), сателитска ТВ, ламинат на подот и балкон.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна шведска маса, сите локални и некои увозни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, слаткарница, бар на плажа со пијалоци и ужина 10:00 – 18:00, сладолед во одредени часови покрај базенот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци и вина, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, пијалоци во лименка, сладолед, Витамин бар, послуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: рибен, BBQ, барови околу хотелскио комплекс, Диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби и во собите е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центарм Турска бања, сауна, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, масажа, SPA & Wellness центар, куглање, билјард. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни програми и активности во текот на дено и вечертните часови.