Положба Хотелот е лоциран во областа Obagol, на 3км од центарот на Аланија и 135км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 360 во три згради. Стандардни соби (28м2, спална, купатило, макс.2+2), Делукс стандард соби (24м2, лоцирани во нова зграда, спална, купатило, макс.2+1), Фамилијарни соби (45м2, две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4), Делукс фамилијарни соби (42м2, лоцирани во нова зграда, две одвоени спални соби, купатило, макс.4), Дуплекс фамилијарни соби (38м2, лоцирани на поткровје, на горниот кат два одвоени кревет и купатило, на долниот кат брачен кревет и купатило, макс.4) и 3 соби за хендикепирани лциа. Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (водата се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, под со плочки, Бесплатно WiFi, балок.
Услуга Се вклучено на шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечерам попладневно кафе и чај, услуга доцна во ноќта, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00, сладолед попладне, А’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, безалкохолни пијалоци на плажа од 10.00-17:30. Сите увозни пијалоци, сокови од свежо овошје, специјални вина, коктели, услуга во соба, флаширани пијалоци дополнително се наплаќаат.
Содржина Главен ресторан на шведска маса, А’la Carte ресторани – Маre -ресторан за морска храна, Аtrox – мексичка кујна, лоби бар, бар покрај базен. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатна WiFi конекција во собите.
Плажа Хотелска приватна плажа, песочна. Лежалки и чадори за сонце, пешкири за на плажа се без доплата. Има тунел под патот до плажа.
Спорт и Забава Отворен и затворен базен за деца, лизгалки на вода, фитнес, Турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, пинг понг. Дополнително се наплаќа: спортови на вода, масажа, велнес и СПА центар, билјард и компјутерски игри, Забавни програми во текот на денот, разни програми покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.