Положба
Хотелот е лоциран во регионот Konakli region 12km од Аланија и 110km од Анталија аеродромот.
Сместување
Вкупно број на соби 301. Стандардни соби (25m²,1 спална со француски кревет и 1 единачен кревет, и купатило, макс.2+1pax) 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со сопствени купатила со туш кабини и фен, посебен клима уред, директна телефонска линија, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, под од ламинат и плочки и балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса за време на појадок, ручек, попладневни снекови, вечера. Локални алхохоли ( ракија, водка, џин, пиво, вино) и безалхохолни пијалоци се бесплатни од 10:00 – 23:00 час, сладолед во одредени часови после пладне, Снекови на плажа од 10.00 – 18.00 ги користат двете за Caretta Relax со брза храна, безалхохолни пијалоци и пиво. Не вклучува: увезени пијалоци, флаширани пијалоци, пијалоци во диско, собан послуга, свежи цедени сокови, Турско кафе, сите видови коктели, сите пијалоци после 23:00 часот.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, барови покрај базените и на плажа, диско бар. Доктор, фен, продавници, телефон и факс, интернет кафе, рент а кар, чување деца, перална можат да се користат со доплата. WI – FI интернет конекција се доплаќа.
Плажа
Приватна плажа, песочна и со камчиња, опремена со лежалки и чадори за сонце се безплатни. Пешкири за плажа не се достапни. (плажата е заедничка Caretta Relax Hotel).
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, 4 лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, одбојка на плажа, пинг понг. Сауна, масажи, водни спортови, билјард. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базени, и вечерни програми. Мини клуб за деца од 04-12 год.