Положба
Хотелот е лоциран во областа Titreyengol, 6км од Сиде и Манавгат и 65км од аеродромот во Анталија .
Сместување
Вкупен број на соби 508 во главна зграда и во бунгалови. Главна зграда стандардни соби (eдна спална и едно купатило, макс.3 лица + бебе), Главна зграда фамилијарни соби (две спални и едно купатило,макс.4лица + бебе). Стандардни соби во бунгалов (една спална и едно купатило, макс.3лица +бебе), Фамилијарни соби во бунгалов (две спални и едно купатило,макс.4лица +бебе) и пет соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш и фен, клима сплит систем, телефон, паркет на подот, мини бар (секојдневно се дополнува со вода, минерална вода,безалкохолни пијалоци, пиво, млеко и лешници), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса. WI FI интернет конекција е бесплатна.
Услуга
Ултра Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладневно кафе, чај и колачи, сладолед, вечера, полноќна ужина, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, шведска маса за деца, сладолед во Мини клубот. A’la Carte Кинески, Грчки и Италијански ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот , мини бар во соба (секојдневно се дополнува со вода, минерална вода,безалкохолни пијалоци, пиво, млеко и лешници), храна за бебиња во ресторанот, диетална храна. Луксузните увозни пијалоци, ексклузивните вина, флашираните пијалоци, свежо цедените сокови, наргиле, Teppanyaki A’la Carte и Stake House дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Vista – Италијанска кујна, Wen – Кинеска кујна, Buzuki – Грчка кујна, Tepsi – Турска кујна, Carino - Stake House, Sushi / Teppanyaki ресторан (со доплата) со претходна резервација еднаш за време на престојот. Барови околу хотелскиот комплекс кои служат ужина и пијалоци, English pub отворен 24 часа. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пегалње, фризер, продавници, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна и ситни камчиња, со лежалки, чадори за сонце кои се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со 4 лизгалици, Турска бања, сауна, фитнес центар, сауна, соба со пареа, тениски терени, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф не се наплатуваат. Осветлување на тениските игралишта, масажа, Спа и Велнес центар, спортови на вода, билијард, куглање, часови по тенис, дополнително се наплатуваат. Забавен парк за деца над 3 години.