Положба Хотелот се наоѓа во областа Sorgun, 5 км оддалечен од Сиде и 75 км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 463. Стандардни соби 293 (21m², една спална соба со софа, едно купатило, макс. 3 лица), стандардни соби со кревети на спрат 151 (21m², една спална соба со брачен кревет и кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица), фамилијарни соби 14 (34m², дуплекс, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, џакузи на балконот, сите соби се со поглед кон море, макс. 3+1 лице) и 5 соби за хендикепирани лица кои имаат исти услови како и стандардните соби. Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот и балкон.
Услуга Ултра Се Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, доцна вечера, сладолед во попладневните часови, свежо цедени сокови само за појадок, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, собна послуга.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски, Италијански, Рибен и мексикански, барови околу хотелскиот комлекс, Диско бар кој е отворен неколку денови во неделата. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет во Лоби и околу базенот не се наплатува.
Плажа Хотелска песочна плажа, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни.
Спорт и забава Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца (внатрешните базени не работат за време на летниот период), две лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени и опрема за тенис, пинг понг, одбојка на плажа, различни курсеви: танцување, јазични курсеви, билјард, интернет кафе и play station. СО ДОПЛАТА: спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис, компјутерски игри, масажа и Спа центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, шоу програми во вечерните часови, жива музика неколку пати во текот на неделата. Мини клуб за деца од 04 - 12 години и Јуниор клуб за деца од 12 – 16 години со различни активности и програми.