Положба Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, оддалечен 4 км од СИде и 70 км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 200 во една зграда. Стандардни соби (32m², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сеф (со доплата), сателитска ТВ, ламинат на подот, балкон.
Услуга All inclusive – пијалок за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, вечера, доцна ужина, сите локалнио алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите видови увозни пијалоци, специјални вина, послуга во соба, сите пијалоци по 24:00 часот, пијалоци во Wellness центар.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, A’la Carte ресторани – Турска кујна, Италијанска кујна, кујна од Далечниот Исток. Доктор, услуги за перење и пеглање, интернет, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конкеција во Лоби, на јавни места и во собите е бесплатен.
Плажа Хотелска плажа, на 200 метри од хотелот, песочна со камчиња, лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.
Спорт и забава Надворешни и внатрешни базени за возрасни, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата спортови на вода, билјард, масажа, SPA & Wellness центар. Забавни програми во текот на денот и вечерните часови.