Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Goynuk на 7 км од Кемер и 45 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 288 соби во главна зграда, резиденцијална зграда и бунгалови.
Стандардни Соби во Главна Зграда: (25м², спална соба, купатило, макс.2+1 лице, поглед на море или копно).
Супериор Соби со Поглед на Градина: (31м², лоцирани во главна зграда, спална соба со француски кревет, една соба одделена со параван од останатиот дел од собата, купатило, макс.4 лица).
Стандардни Соби во Бунгалови: (25м², една спална соба, купатило, макс.2+1 лица).
Бунгалов Фамилијарни Соби: (50м², две спални одвоени со врата, купатило, макс.4 лица).
Стандардни Соби: во резиденцијална зграда (37м², спална соба, купатило, само со поглед на градина, нова зграда, макс.2+1 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, телефон во бањата, централна климатизација, телефон, керамички под, сеф , мини бар (безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода и пиво се дополнува секој ден), чај и кафе, сателитска телевизја со музички канали, WI- FI.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, торта, чај и кафе, вечера,полноќна ужина, диетална храна, бар на плажа од 10.00 -24.00, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш завреме на престојот (италијански и турски). Сите локални и некои стандарни увозни алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалоци, топли напитоци, ресторан за деца, сладолед во одредено време. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка специјални вина, свежо овошни сокови, енергетски пијалоци, À la Carte рибен ресторан со доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан во главната зграда, À la Carte ресторани – Breezes (рибен ресторан), Kebap House (турска кујна) и La Gustosa (италијанска кујна), барови во различни делови од хотелскиот комплекс. Шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, услуга во соба, перење и сушење алишта, компјутерски игри, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. WI-FI низ хотелскиот комплекс и во собите е бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна и камчеста. Лежалки, чадори и пешкири без доплата. Павиљоните се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен базен со дел за деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, осветлување на терените, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, теретана. Се доплаќа: спортови на вода, школа за нуркање, масажа, wellness центар, часови по тенис, опрема за тенис, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и ноќта. Специјални програми за деца во мини клубот за деца, со дел и за бебиња. (бебешки базен 35cm длабок, соба за спиење, дел за родители, игралиште. Отворен дел за забава на деца од 5-16 години (базен длабок 60cm., тобогани, лего коцки, плеј стејшн и компјуер, трамболина, кино за деца.