Положба
Хотелот е лоциран во областа Okurcalar, на 33км од Аланија и на 90км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 453. Стандардни соби (30м2, спална, купатило, макс.2+1), Супериор соби (33-40м2, брачен кревет + еден единечен кревет, купатило, макс.3), superior swim up rooms - соби со директен пристап до базен (33-40м2, спална соба со брачен кревет + еден единечен кревет, купатило, макс.2+1), фамилијарни соби (50м2, две соби, во едната брачен кревет, во другата два еднинечни кревети, купатило, макс. 4), Family swim up rooms - соби со директен пристап до базен (50м2, две соби, во едната брачен кревет, во другата два еднинечни кревети, купатило, макс. 4). Сите соби се со сопствено купатило, фен, клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), сет за чај и кафе, сателитска ТВ со музички канали, ламинат на подот, балкон, интернет конекција со слаба брзина.
Услуга
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни ужини, доцни ноќни ужини, алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увозни пијалоци кои се служат во некои барови, А’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови, бар покрај плажа. Сите увозни пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина, сокови од свежо овошје, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, услуга во соба, дополнително се наплаќа.
Содржина
Главен ресторан на шведска маса, А’la Carte ресторани: Zeugma – турска кујна, La Gustosa – Италијанска кујна, Octopus – рибен ресторан, Sakura – Teppanyaki ресторан (со доплата), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, перална, фен, телефон, факс, интернет кафе, продавници, rent a car, дополнително се наплаќа. Интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се доплаќаат.
Спорт и Забава
Отворен и затворен базен за деца и возрасни. Аква парк, фитес, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени, пинг понг, мини фудбал. СПА центар, спортови на вода, масажа, билјард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.