Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Камјуја, на 7 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотел располага со вкупно 530 соби распоредени во бунгалови.
Сите соби имаат: бања со туш кабина, фен, сплит клима, директна телефонска линија, сеф, мини бар (вода, пиво и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, керамички под, САТ ТВ со музички канали , балкон
Клуб стандардни соби 23м2, 1 спална соба, 1 бања.
Супериор соби 25м2, 1 спална соба, 1 бања.
Премиум соби 25м2, со поглед на море или базен, 1 спална соба, 1 бања.
(Еднаш за време на престојот користат ресторан Gusto или Pascha без доплата)
Фамилијарни соби 35м2, две посебни спални соби, едната со брачен кревет, другата со посебни кревети, 1 бања.
Дуплекс соба 43м2, две спални, една соба на прв кат, детска соба на втор кат со два посебни кревети одделени со врата, 2 бањи.
Swim up suite 70m2, две посебни спални соби и две бањи, директен пристап до базен.
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive 24 часа самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса), за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, чај, кафе, вечера, доцна навечер закуска, избор на диетална и веганска храна во главниот ресторан за време на оброците, ужина на плажа, домашни и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Со доплата: специјални увозни пијалоци, свежи овошни сокови, флаширани пијалоци, A la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан базиран на шведска маса, 2 A'la Carte ресторани: Pasha Garden Grill (турски), Marin (риба), Gusto - италијанска кујна, лоби бар, слаткарница, барови покрај базен и на плажа.
Со доплата: лекарски услуги, услуги за чување деца, услуги за перење и хемиско чистење, фризер, трговски центар, изнајмување автомобили, интернет кафулиња и компјутерски игри. Wi-Fi интернетот е бесплатен на јавни површини и во собите.
Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за плажа. Приватните павилјони на плажа со резервација однапред и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, тениски терени, терен за сквош, пинг-понг, кошарка, одбојка на плажа. Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Марко мини клуб за деца од 4-16 години со различни програми, кино, плејстејшн, мини диско навечер.
Со доплата:спортови на вода, осветлување на тениски терен, тениска опрема, масажа, центар за нуркање, салон за убавина и велнес центар.