Положба
Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy на 5км од Side и 60км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 320. Стандардни соби (30 m², една спална соба со спална и еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби (40m², две одвоени спални соби, во втората соба има кревет на спрат, едно купатило, макс.4 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред кој работи на одредени часови во зависност од временските услови, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, ламинатен под, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција (ниска брзина), балкон.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, сладолед попладне, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација и секој ресторан може да се користе по еднаш за време на престојот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-02:00 часот. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, наргиле, пијалоци во Macco Café од 02.00 – 08.00 часот, послуга во соба.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Sehrazat –Турска кујна, Shui – Кинеска кујна и Mozaik Рибни ресторани, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во отворени зони.
Плажа
Хотелска плажа-песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и Забава Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, четири лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: масажа, билијард, куглање, интернет кафе и компјутерски игри, спортови на вода, осветлување за тениски терени и часови по тенис, SPA центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04- 12 години и Јуниор клуб за деца од 12-16 години со различни активности и програми.