Положба
Хотелот е лоциран во областа Karaburun, 27 км од Сиде, 33 км од Аланиjа и 100км од аеродромот во Анталија .
Сместување
Вкупен број на соби 360 во зграда од четири ката. Стандардни соби 315 (29м², една спална, едно купатило, макс.3+1 лица), фамилијарни соби 40 (39м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4+1 лицa) и пет соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и туш, фен, клима систем (кој работи во одредени часови ,во зависност од временските услови), телефон, мини бар (сокови и вода се надополнува секој ден ), сеф, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, Wi-fi интернет конекција, балкон. Собите се со поглед на море или копно.
Услуга
Ултра Cе вклучено- од 10.00-02.00 ч., шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во барот на плажа, попладнe чај, кафе и колачи, вечера и полноќна ужина , дел за бебиња кој е отворен 24 часа. Сите домашни и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедените сокови за време на појадокот, сладолед во одредени часови,А’la Cаrte ресторани со претходно направена резервација и само еднаш во текот на една недела престој. Специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, наргиле дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен отворен и затворен ресторант, А’la Carte ресторани- Медитерански, Турски, Кинески и Мексикански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, перална, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце, пешкири и душеци не се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, фитнес центар, Џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Сауна, масажа, осветлување на тениски терени, спортови на вода, билијард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 04-12 год.