Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Лара, на 15 км од аеродромот во Анталија и 17 км од центарот на градот.
Сместување
Хотелот располага со соби 498. Сите соби се опремени со бања, туш кабина, фен, централна климатизација, директна телефонска линија, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали. , WI-FI интернет, ламинат, балкон или француски балкон.
Стандардни соби 28-35м2, една соба, една бања.
Економските соби се исти како стандардните но со француски балкон.
Фамилијарни соби 45м2, две спални соби со врата помеѓу, една бања.
Фамилијарни делукс соби 55м2, сместени на последниот кат од хотелот, две спални соби со врата меѓу нив, две бањи.
Квадро соби 40м2, една спална соба со брачен кревет + еден единечен кревет + софа кревет, една бања.
Фамилијарна езерска куќа 60 - 75м2, сместена во дворот до базенот, керамички под, две посебни спални соби, две бањи, приватна тераса за сончање, директен пристап до заеднички базен.
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra all inclusive – 24 часовна услуга на храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежи овошни сокови, мини бар со безалкохолни пијалоци, вода и пиво што се полнат секој ден, сладолед попладне.
Со доплата: луксузни увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина, енергетски пијалоци, SPA Juice бар, услуга во соба, A'la Carte ресторани со претплата и резервација.
Содржина
Главен ресторан со отворено шведска маса, A'la Carte ресторани: Gulet - медитеранска кујна, Taurus - ресторани за стек, Scalini - италијанска кујна, барови низ хотелскиот комплекс. WI - FI интернетот низ хотелот е бесплатен.
Со доплата: доктор, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, трговски центар, рент а кар.
Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири за плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Олимписки базен, Аква парк, тениски терени, кошарка, гимнастика, одбојка на плажа, турска бања, сауна, парна соба, џакузи.
Забавни програми во текот на денот покрај базен и на плажа, натпревари, шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјални програми во текот на денот и навечер.
Со доплата: спортови на вода, рефлектори за тенис, куглање, билијард, соба за игри, сите масажи и третмани во СПА центарот.