Положба: Хотелот е лоциран во областа Obakoy, 132 км од аеродромот во Анталија и 2км од центарот на Аланија
Сместување: Хотелот има 2 блока со вкупно 113 соби. Блок А, макс. 2+1 лица и Блок Б (42 соби ), макс 2+2 лица .Сите соби се со купатило со када или туш, фен, сплит клима систем , телефон, сеф (со доплата), мини бар (празен ), тепих на подот, сателитскa ТВ и музички канали, балкон.
Услуга: Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, попладне чај, кафе и колачи, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00ч. Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, сладолед , Турско кафе , бар и А’la Carte ресторант на плажа, свежо цедени сокови се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторант со шведска маса, А’la Carte ресторант на плажa (со доплата), бар со ужина и бар покрај базенот. Доктор, перална, интернет со доплата. Wi-fi интернет е бесплатен во лобито.
Плажа Хотелска песочна и со ситни камчиња плажа, 20м од хотелот, преку улица. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни . Душеци се наплатуваат. Нема пешкири за на плажа.
Спорт и забава Отворен базен за возрасни и деца, лизгалица на вода, фитнес центар. Сауна, Турска бања, масажа, спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавени програми , Турски вечери ,еднаш неделно жива музика .Мини клуб и игралиште за деца од 4 -12 год.