Положба
Хотелот е лоциран во областа Konakli, 16км од Аланија и 110км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 447. Стандардни соби (27м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби (30м², две спални одвоени со клизачка врата, едно купатило, макс.4+1 лица) и 5 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода и минерална вода на пристигнување), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, ламинат на подот и балкон.
Услуга
Се Вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, А’la Carte ресторани со резервација и само еднаш за време на престојот, пијалоци во барот на плажа од 10.00-17.30ч., ужина од 16.00-18.00ч. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, Турско кафе по 24.00ч., пијалоци во Диско клуб.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la carte ресторани-Турски, Италијански, рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, продавници, телефон, факс, интернет кафé, rent a car, чување деца, перална. Wi-Fi интернет бесплатен во лоби.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песок и камчиња, лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, пинг понг. Спортови на вода, Спа центар, масажа, билијард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год.