Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Титрејенгол, 7 km од античкиот град Сиде и 70 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотел располага со 428 соби. Сите соби имаат бања со када, туш, фен, влечки, централна клима, директна телефонска линија, сеф, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секојдневно), сет за кафе и чај, тепих во хотелски соби и плочки во вила соби, Wi-Fi, балкон или тераса во вила соби.
Стандарднa собa (18-28 м2, 1 спална соба со француски или два посебни кревети + софа кревет, 1 бања, макс 2+1 лице),
Соби погодни за со деца се исти како стандардните хотелски соби само со двe софа кревети, максимум 2+2 лица).
Голема соба (35-39 м2, 1 спална соба со сепаратор меѓу креветите, 1 бања, макс 2+2 лица),
Вила фамилијани соби (47 м2, 2 спални соби одделени со врати, 1 дневна соба, 1 бања, макс 5 лица),
Фамилијарна соба вила (41 м2, 1 спална и 1 дневна соба одделени со врата, 1 бања, макс 4 лица).
Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive на база на отворено бифе - самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса) за појадок, ручек, вечера, попладневни и ноќни закуски, детско бифе и детски ресторан, бебешко катче со микробранова печка, грејач за шишиња, катче за палачинки, ресторан за закуски на плажа, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 01:00 часот, сладолед во одредено време, пијалоци од концептот во диско клубот до 01:00 часот по полноќ. , снек бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот.
Со доплата: сите увозни пијалоци, специјални вина, коктели, енергетски и луксузни пијалоци, свежи овошни сокови, флаширани и конзервирани пијалоци, A'la Carte ресторани со резервации однапред и со доплата, наргиле, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со вклучен детски ресторан на отворено шведска маса, A'la Carte ресторани: Salvini (италијански), океанска риба (морска храна), Sedir - турска кујна, суши ресторан, барови во хотелскиот комплекс Marvida Family Eco. Бесплатен Wi-Fi низ целиот хотел.
Со доплата: лекарска услуга, детска грижа, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, трговски центар , изнајмување-а-кар.
Плажа
Хотелот има приватната песочна плажа. Оддалечен е 450 m од плажата, гостите можат да ја користат бесплатната шатл-служба во текот на денот или можат да пешачат десет минути покрај езерото Титрејен до плажата. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни. Приватни павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, тениски терени, пинг-понг, мини голф, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, сауна, турска бања, парна бања, забавна програма во текот на денот покрај базен или на плажа, натпревари за деца и возрасни, вечерна шоу програма, посебен дел од хотел Kids World за деца со ресторан со мали маси и столчиња, посебни места за играње преку ден, спални за деца и бебиња и за попладневен одмор-спиење во текот на денот, базен со детски аква парк, разни активности (готвење, градинарство, сликање лице...), мини саем за забава (со доплата), мини диско навечер.
Со доплата: џакузи, масажа, осветлување за тениски терени, Wellness и Spa центар, спортови на вода, билијард, компјутерски игри.
Marvida Family Eco (ex Otium Family Eco Club) Страна 5*