Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Титрејенгол, на 7 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 213 соби распоредени во 3 згради. Сите соби имаат бања со туш кабина, фен, клима, телефон, фрижидер, сеф (се доплаќа), сателитска ТВ, балкон.
Стандардна соба една спална, една бања, макс. 2+1 лица.
Фамилијарна соба две спални соби, едно купатило, макс. 2+2 лица.
Содржина
Главен ресторан, барови околу базенот и плажата. Бесплатен Wi-Fi во фоајето.
Со доплата: доктор на барање, телефон, факс, сеф.
Услуга
Услугата во хотелот е All inclusive шведска маса (појадок, ручек и вечера), чај, кафе, сите домашни и безалкохолни пијалоци до 23:30 часот, храна и пијалоци на плажа од 10:00 до 17:00 часот.
Со доплата: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, флаширани пијалоци.
Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа на 350м од хотелот со лежалки и чадори без доплата.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалки, турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа. Мини клуб за деца од 4 до 12 години.
Со доплата : спортови на вода, масажа.