Положба Vonresort Golden Beach се наоѓа во областа Colakli, 15km од Manavgat и 55km од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 632 во бунгалови на два, три и четири ката.
Стандардни соби (30m², една спална соба, едно купатило, некои соби се со кујна, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби (40 – 47m², две одвоени соби со врата измеѓу, едно купатило, некои од нив со кујна, макс. 4 лица),
Фамилијарни suits (62m², две спални соби – одвоени соби со врата измеѓу, една едневна соба, кујна, макс. 6 лица).
Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, клима уред, телефон, сеф (се доплатува), мини бар (само вода), керамички под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.WI-FI интернет конекција бесплатна.
Услуга Ultra all inclusive – 24 часовна услуга за храна и пијалоци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, супа на полноќ, пијалоци и закуски во аква парк, сите локални и стандардни увезни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите пијалоци во Disco club, Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежи овошни сокови, A’la Carte ресторани се со претходна резервација и со дполнителна наплата, послуга во соба, сите флаширани пијалоци, пијалоци во Irish pub.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани Ottoman – Турска кујна, Vogatore – Италијанска кујна, Radika – Рибен ресторан, Long horn – Steak House (се наоѓа во Vonresort Golden Coast), Kaiseki – кујна од Далечен Исток (Golden Coast), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар дополнително се наплатува. Бесплатно користење на WI-FI интернет конекцијата во лоби и во собите.
Плажа Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири на плажа. Приватните павиљони се со претходна резервација и се наплатуваат дополнително.
Спорт и забава Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, голем аква парк со 11 лизгалки (влезот е бесплатен за гости на хотелот), фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг – понг. Дополнително се наплатуваат : спортови на вода, куглање, билијард, Fun Fair, масажа во SPA & Wellness центар. Забавни програми за време на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години.