Положба
Хотелот се наоѓа на 90 км од аеродромот во Анталија и 25 км од центарот на Аланија. Изграден е 2006 година, а последен пат е реновиран 2017 година. Зафаќа површина од 75.000 m².
Сместување
Хотелот има деветспратна главна зграда и 12 двоспртарни вили.
Стандардна соба (28-33 m², макс.2 воз+2 деца или 3 воз + 1 дете). Помошното легло е софа.
Сите соби имаат купатило, фен за коса, централна клима, мини бар, сеф, балкон и интернет.
Хотелски содржини
Рецепција, главен ресторан, три а ла карт ресторани (со доплата), барови, кино сала, внатрешен базен, 7 надворешни базени, аква парк, тенески терени, спа центар, дискотека, мини клуб (4-12 години), луна парк.
Плажа
Хотелот е одалечен од сопствената плажа 50м до која се доаѓа со подземен тунел. Плажата е шљунковита и има бар на плажа. Користењето на лежалките и чадорите за сонце како и пешкирите се бесплатни.