Положба
Хотелот е лоциран во Okurcalar регионот, 30км од Аланија и 95км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 598 во една главна зграда на 10 ката. Стандардни соби (26-36м², една спална и едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни дуплекс соби со поглед кон копно (65-75м², дуплекс, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби со поглед кон море (65-75м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица), Тerrace вили (65-95м², макс.2+2 лица), Botanik суит (60-70м², две спални одвоени со врата, едно купатило, голема тераса, макс.6+1 лица), Езерски куќи (60-70м², со приватен базен пред овие куќи, макс 2 лица). Сите соби се опремени со модерен мебел, купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се надополнува со сокови, вода и пиво секој ден), сет за кафе&чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција, влечки, ламинат на под, балкон или тераса.
Услуга Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, сладолед и колачи во пекарата, храна за деца, вечера, доцна вечерна ужина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, свежо цедени сокови само за време на појадокот, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Луксузни и стари специјални пијалоци, услуга во соба, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови во Витамин бар и во ресторанот (освен за појадок), флаширани пијалоци се наплатуваат.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: турски, италијански, француски, кујна на далечниот исток, морски ресторан, лоби бар и ирскиот бар се 24 часа отворени, барови покрај базенот и на плажа, снек бар, диско бар, витамин бар. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет дел, фризер, продавници, rent a car се наплатуваат. Wi-Fi интернет конекција во главниот дел на хотел и во собите е бесплатен.
Плажа Хотелска плажа, лежалки, чадори, пешкири и душеци не се наплатуваат. Павиљоните на плажа се наплатуваат и се користат со претходна резервација.
Спорт и забава Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски игралишта, пинг понг. Cпортови на вода, Спа &Wellness центар, куглање, билијард, осветлување на тениски терени, компјутерски игри се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми, жива музика, кино. Мини клуб за деца со специјални програми, мини диско и натпревари.