Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35км од Анталија и 28км од аеродромот.
Сместување
Вкупен број на соби 500 кои се наоѓаат во главна зграда, клуб област и во Deluxe блок згради. Club соби (29m², дел од градина, една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Club фамилијарни соби (45m², страна од градината, дуплекс, мастер спална соба на горниот спрат, како галерија, без врата измеѓу, едно купатило, макс. 2+2 лица), Club фамилијарни суит соби (61m², дел од градина, една спална соба со купатило, една дневна соба со две софи, макс. 2+2 лица), Стандардна соба во главна зграда (36m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарна соба во главна зграда (42m², две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4лица), Deluxe Стандардна соба (44m², нов блок, една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица), Deluxe Стандардна swim up соби (52m², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базен, макс, 2+1 лице), Deluxe Фамилијарни соби (84m², две спални соби со врата која ги поврзува, две купатила, макс. 5 лица), Deluxe Фамилијарни swim up соби (100m², две спални соби со врата која ги поврзува, две купатила, директен пристап на базен, макс. 5 лица).
Сите соби се со балкон или тераса со поглед на море или поглед на градина, приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи во одредени часови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сеф, паркет, керамички или тепих на под, сателитска телевизија и музички канали.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, време за чај, колачи, сладолед, вечера, закуски за време на полноќ, A’la Carte ресторани со претходна резервација (дозволено е два ресторани во текот на една недела), сите локални и некои увозни алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалоци, мини бар со безлкохолни пијалоци кој се дополнува секој втор ден. Не е вклучено: Увозни пијалоци од мени листата, премиум пијалоци, сите флаширани пијалоци и специјални вина, свежо сдени сокови.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, ресторан и бар на плажа, A’la Carte ресторани: Sofra (Турски), La Prima (Италијански), Red Far East (кујна од Далечен Исток), Grill Corner, El Porto (Мексикански), и Lagos (Рибен ресторан) со претходна резервација. Барови на различни локации во хотелскиот комплекс. Доктор, услуги за перење и пеглање, бебиситер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, фризер, рент а кар се доплатуваат. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, relax базен, лизгалки на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, 16 тениски терени, пинг – понг, кошарка, мини фудбал, мини голф, се бесплатни. Се доплатуваат осветлување за тениски терени, опрема за тенис и часови по тенис, спортови на вода, SPA 6 Wellness центар, масажа, билијард, компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми, мини клуб за деца од 4 – 14 години со различни програми.