Положба
Хотелот се наоѓа на 90 км. од аеродромот во Анталија, на 15 км од центарот на Аланија, а од центарот на Конакли 1 км. Хотелот е основан во 2020 година на вкупна површина од 13.000м2 и располага со 325 соби,
Сместување
Вкупно 325 соби. Superior proma room (30 м²), Superior standard room (30 м²,) и
Superior jacuzzi room (40 м²).
Супериор промо соби (30 м², само со поглед на копно, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, купатило, макс. 2+1 лице).
Супериор соби (30 м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, купатило, макс. 2+1 лице).
Супериор соби со џакузи (40 м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, џакузи во собата, купатило, макс. 3 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима систем телефон, мини бар (обична и минерална вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), електричен бокал, сет за чај и кафе, сателитска ТВ, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот и попладне, вечера, полноќни закуски и ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, лоби бар отворен 24 часа, снек бар на плажа од 11:00-18:00 часот, сладолед во одредено време, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не е вклучено: свежо цедени сокови, увозни пијалоци и вина, флаширани пијалоци, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, снек бар на плажа, À la carte ресторани (турски и рибен), 3 барови во склоп на хотелскиот комплекс.
Со доплата: чување деца, доктор, телефон, факс, перење и хемиско чистење, интернет катче, продавници, изнајмување кола.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Има мост над пат помеѓу хотелот и плажата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, програми за деца во мини клубот за деца од 4-12 години, мини диско навечер, игралиште.