Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој, на 1 км од градот Сиде и 63 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 96 соби распоредени во главната зграда. Сите соби имаат бања со туш, фен, папучи, централна клима која работи во зависност од временските услови, сеф (со доплата), мини бар (вода, безалкохолни пијалоци при пристигнување, подоцна се надополнува само вода дневно ),САТ ТВ со музички канали, балкон.
Стандардна соба (25 м2, 1 спална соба, 1 бања, макс. 3 лица),
Соба со базен (35 м2, 1 спална соба со тераса директно на базен, 1 бања, макс. 3 лица),
Супериор соби (25 м2, 1 спална соба, 1 бања, макс. 3 лица),
Делукс соби со џакузи (35 м2, 1 спална со брачен кревет + 1 единечен кревет, џакузи, 1 бања, макс. 3 лица),
Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive шведска маса за појадок, доцна појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, доцна навечер бифе, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот.
Со доплата: сите видови увозни пијалоци, свежи овошни сокови, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, храна и пијалоци на плажа, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со отворено шведска маса, лоби бар и бар покрај базен. Wi-Fi интернетот е бесплатен на јавните површини на хотелот и во собите.
Со доплата: лекарска услуга, услуга за чување деца, сервис за хемиско чистење на алишта, фризер, телефон, факс, интернет, трговски центар, rent a car.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа, на 200м од хотелот, со лежалки, чадори и крпи за плажа кои се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени, турска бања, фитнес.