Положба Хотелот е лоциран во областа Obakoy, 135км од центарот на Аланија и од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 213 во три објекти. Стандардни соби (28м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби (55м², две спални, едно купатило, макс.3+2 лица). Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, ќерамички плочки на подот и балкон.
Услуга Сé вклучено - шведска маса за појадок, ручек, попладневна ужина – колачи, кафе, чај, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00ч, безалкохолни и топли пијалоци во барот на плажа до 17.30ч. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, собна услуга, Турско кафе.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базенот и бар на плажа. Доктор, продавници, фризер, телефон, факс, интернет кафé, rent a car, перална дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет бесплатен во лоби.
Плажа Хотелска приватна плажа, со ситни камчиња, на 30м од хотелот (има и тунел до плажата), лежалки на плажа, чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за плажа се со депозит, сменувањето дополнително се наплатува.
Спорт и забава Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, одбојка, пинг понг. Турска бања, сауна, масажа, соба со пареа, спортови на вода, билјард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови.