Положба Хотелот е лоциран во областа Конакли, 13км од Аланија и 110км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 275 во главната зграда и три анекс згради.
Стандардни соби (21м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица),
Фамилијарни соби (24м², една спална со француски кревет + легло, едно купатило, макс.3 лица).
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (вода за пристигнување), сателитска ТВ и музички канали, керамички плочки, балкон.
Услуга Сé е вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна закуска, кафе, полноќни закуски, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00ч, бар на плажа со безалкохолни пијалоци, од 10.00 до 16.30ч, еднаш дневно сладолед за деца во Мини барот. Увозни пијалоци, специјални вина, сите видови на флаширани пијалоци, Турско кафе, свежо цедени сокови, пијалоци во Диско клубот дополнително се наплаќаат.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, снек бар и бар покрај базен, лоби бар. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, шопинг центар, рент-а-кар дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција бесплатна во лоби.
Плажа Хотелска приватна плажа, со ситни камчиња и песок. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкирите на плажа се со депозит.
Спорт и забава Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, тениски игралишта. Спортови на вода и масажа, SPA и Wellness центар, мини голф, осветлување на тениски игралишта, билјард, компјутерски игри дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот. Специјални вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год.