Положба
Хотелот се наоѓа во областа Турклер на 25км во Аланија и 110км од аеродромот во Анталија. Хотелот е реновиран 2021
Сместување
Вкупно 345 соби во 2 блока.
Стандардни соби (22 м², 1 спална со француски кревет, еден единечен кревет, и 1 купатило, макс.2+1 лица),
фамилијарни соби во бунгалови (44 м², 2 спални соби одвоени со врата, 1 купатило, макс.4 лица. 3 соби за лица со попреченост.
Сите соби се опремени со приватно купатило со туш и фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (се дополнува само со вода и минерална вода секој ден), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска закуска и попладневен чај, кафе, торти, полноќни закуски и ран појадок, локални алкохолни и безалкохолни пиајлоци од 10:00 – 16:00 часот, некои увозни алкохолни пијалоци, À la Carte ресторан бесплатно еднаш за време на престојот, пијалоци во диско до 00:00.
Не е вклучено: увозни пијалоци што не се предвидени со концептот ултра сѐ вклучено, премиум пијалоци и специјални вина, сите флаширани пиајлоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – италијански, рибен и скара, лоби бар, бар покрај базен и на плажа.
Доктор на барање, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен во заедничките области на хотелот.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки на плажа и чадори за сонце се бесплатни. Крпи за плажа се со депозит. (Има подземен тунел кој води до плажата).
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 4 водни тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа.
Се доплаќа: спортови на вода, билјард, салони за убавина, масажа и Спа. Дневни и вечерни програми, шоу,
Мини клуб за деца од 04 -12 год., мини диско навечер.