Положба
Хотелот се наоѓа во Евренсеки 6км од Сиде и 70км од аеродромот во Анталија,
Сместување
Вкупно 287 соби. Стандардни соби (36м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни апартмани (42м², две спални соби одвоени со врата на лизгање, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода и безалхохолни пијалоци), сеф (се доплаќа), ламинатен под, сателитска LCD телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални и некои алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, премиум пијалоци сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите пијалоци во Disco.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – турски, морска храна, барови, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, хемиско чистење, пеглање, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет пристап во лоби и во собите е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња и песок на 300 метри од хотел, со бесплатни лежалки и чадори за сонце.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни (затворени во летна сезона) базени за возрасни и деца, три лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терен и опрема за тенис, Wellness центар, масажа, билијард и центар за играње. Забавни програми - анимации во текот на денот, и различни шоу програми навечер, Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште, Мини диско навечер.