Положба
Хотелот се наоѓа во областа Sorgun, 5км од Side и Manavgat и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 239. Стандардни соби (20-26m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби со кревети на спрат (26-30m², една голема соба со кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица). Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, потоа се дополнува само со вода), сеф (се доплаќа), ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуски во барот во градината од 12:00-16:00 часот, колачи, чај, кафе, вечера, супа за време на полноќ. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот (ракија, вино, пиво, џин, водка,коњак, различни алкохолни пијалоци), сладолед за време на одредени часови покрај базен и во барот на плажа, ресторан за закуски на плажа од 11:00-17:00 часот, A’la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено во all inclusive концептот: Увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед во пакување, Турско кафе, коктели, шампањ, послуга во соба, сите пијалоци во Диско клуб.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан – Akdeniz Рибен ресторан и Морска храна, закуска на плажа, лоби бар, бар на базен, Диско клуб. Доктор, услуга за перење, шопинг центар, телефон, факс, интернет клуб, компјутерски игри, рент а кар, WI-FI интернет конекција се доплаќаат.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна, на 600 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Има бесплатен превоз до плажа цел ден.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, две лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терен, одбојка, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, осбетлување за тениски терен, масажа, центар за убавина, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.